VI МЕЃУНАРОДЕН КОНКУРС ЗА ПОЕЗИЈА ,,МИЛИ ДУЕЛИ 2018’’

Контакт  е-маил…mili.dueli@hotmail.com

Jајце, Босна и Херцеговина

Ден: 19-02-2018.

 

md kontest poezijeЈАВЕН ПОВИК

Се повикуваат сите афирмирани и неафирмирани автори на поезија да се пријават за учество во шестата сезона на Мили Дуели, онлајн балкански конкурс за поезија. Учеството опфаќа дружење на поети преку социјалната мрежа Фејсбук, во текот на месеците јули, август и септември 2018година. Дружењето е од натпреварувачки карактер и соединува неколку стотици автори на поезија кои сакаат да му дадат читаност на своите стихови. Во изминатите пет сезони имаше преку 85 000 гласови и повеќе од половина милион прегледи.

НАЧИН НА ПРИЈАВУВАЊЕ:

Мили Дуели се одинтернационален карактер и на конкурсот можат да се пријават автори од сите краеви на светот.

  1. Испратете две ваши песни, лекторирани со знаци, на некој од јазиците на некој од EX YOU, со тоа што доколку пишувате на словенски, македонски или ромски, потребен е и превод на некој од јазиците на БХСЦ.
  2. Во пријавата должни сте да испратите и ваша биографија.

( минимално: име и презиме, година на раѓање, место и држава од каде што доаѓате и занимање).

Песните со биографија испраќајте ги:

  1. Во приватна порака ( инбох ) на фб профил на организаторот:

https://www.facebook.com/mili.dueli    или

  1. По пат на емаил на адреса: dueli@hotmail.com.

( во овој случај покрај биографија да се испрати и линк на вашиот фб профил, за да се верификува и потврди приемот на пријавата).

Напомена: После секоја пријава, доколку во рок од 7 дена не добиете потврдна порака, испратете повторно!.

Котизација: Учеството на конкурсот е бесплатно.

 

НАГРАДИ:

По завршувањето на дружењето, се објавува Листа со пласманот на сите автори избрани за учество во Мили Дуели 2018, врз основа на што се доделува:

  1. ГЛАВНА НАГРАДА: ПЛАКЕТА + ЛАУРЕАТ ( Поет на регионот по избор на Мили Дуели за 2018 година ) за освоено прво место,

и  доделување на следните плакети:

  1. Плакета за второ и трето место, Најголемо откритие, Најубава песна во сезона, Најдобар пласман од државата ( БИХ,Србија, Хрватска, Црна Гора, Словенија, Македонија ) Најдобар пласман од дијаспората.

( Баличево признание во чест на првиот починат учесник во Мили Дуели, кој што живееше во Лион) и Специјално признание за креативност и Специјално признание на организаторот и читателите.

  1. Секој автор кој што ќе биде избран за учество во Мили Дуѕели добива електронска или штампана ( зависно од учеството во Зборникот ) БЛАГОДАРНИЦА, за соработка и книжевен допринос во афирмацијата на пишаниот збор на социјалните мрежи во текот на 2018 год.
  2. Дружењето е еден вид на припрема за заеднички зборник, кој што треба да се објави на лето, а првите тројца автори во големото финале, ќе добијат бесплатно учество во зборникот и по 3 примероци од книгите. Победникот на Мили Дуели ќе има поголема застапеност во однос на другите автори и во зборникот и стекнува доживотно право за бесплатно учество, во секој нареден зборник од Поезија на Годината.

 

Рок за пријава:

30 мај 2018 година

Организаторот во Јуни ќе ги одбере најуспешните пријави на оние што проаѓаат во прв круг на Мили Дуели 2018 и ќе бидат известени на емаил или пак  на својот фб профил.


За Мили Дуели

Принцип на натпреварување: Избраните учесници ќе поминат низ пет кругови на натпревар. Во секој круг ќе се претстават со различни песни, кои што дополнително ќе ги праќаат. Во изборот за најуспешни, покрај жирито, кое ќе биди составено од книжевно, компетентни, признати уметници од целиот балкан, ќе можат да гласаат и онлајн читатели, на начин кој што ќе биде претставен пред почетокот на натпреварите. Победниците на дуелите поминуваат во следниот круг, а на крајот 12 најдобри автори одат во Големото финале, каде се одредува победникот во шестата сезона на Мили Дуели.

Од претходните сезони, овие  се победниците:

1.СЕЗОНА – Дијана Стевановиќ  Ухерек/ Суботица /Србија

2.СЕЗОНА – Енеа Хотиќ  /Бања Лука/ Босна и Херцеговина

3.СЕЗОНА – Анѓела Турукало / Подгорица/ Црна Гора

4.СЕЗОНА- Анте Језерчич / Сисак / Хрватска

5.СЕЗОНА – Лела Зјајо / Хеилброн / Германија

 

Низ овие пет сезони поминаа преку илјада пријави за учество  во Мили Дуели, а наградивме и 50 автори со книжевни признанија.

Нема сомневање дека Мил Дуели станаа права интернет сензација за откривање на нови талентирани поети и потстрек за нивното творештво. Ова е единствена можност за нови познанства на, на себе слични луѓе, кои живеат блиску и далеку и кои имаат исто хоби – пишување.

Исто така, натпреварот е единствен, затоа што жирито дава исцрпни коментари, насоки и образложување за своите гласови.

Проектот наиде на позитивни критики кај државните власти, па за секој зборник се организира и промоција.

ОВАА ГОДИНА ВЕ ОЧЕКУВААТ МНОГУ ИЗНЕНАДУВАЊА!

Ве очекуваме,

 

Организатор на Мили Дуелиу
Нермин Делиќ

 

Sa bosanskog preveo: Toni Pavleski

Komentariši

Upišite vaše podatke ispod ili kliknite na jednu od ikona da se prijavite:

WordPress.com logo

You are commenting using your WordPress.com account. Odjava /  Promijeni )

Google photo

You are commenting using your Google account. Odjava /  Promijeni )

Twitter slika

You are commenting using your Twitter account. Odjava /  Promijeni )

Facebook fotografija

You are commenting using your Facebook account. Odjava /  Promijeni )

Povezivanje na %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.